За Нас

a-u

Транспортната компанија Филип Интернационал Дооел е основана во 2006 година со седиште во Кочани, Македонија. Почнувајки со еден камион и двајца вработени, компанијата постојано се развива, држејки чекор со растечките потреби на барања на транспортната идустрија и прерасна во целосно екипирана и професионална компанија специјализирана за меѓународен транспорт. Денес Филип Интернационал е специјализирана компанија за меѓународен транспорт на стоки под температурен режим, транспорт на текстилни стоки и експресен транспрт на стока за 24 часа до сите 

дестинации во Европа па и возниот парк е приспособен токму за овој вид  на транспорт. Копманијата денес располага со возен парк од десет современи модели на транспортни возила со EURO 5 и EURO6 стандарди и петнаесет искусни вработени. 

Со нашите транспортни возила (ладилници , фургони и церади) нудиме поединечен, збирен и експресен транспортна палетизирана и непалетизирана сотка (храна, текстил, висечка конфекција, АДР) од Македонија, Банлканските земји и Турција до сите дестинации во Европа и обратно и годишно остваруваме 1100 превози.

Транспорт

Филип Интернационал е специјализирана компанија за меѓународен транспорт на стоки под температурен режим и транспорт на текстилни стоки и експресен транспорт на стока за 24 часа до сите дестинации во Европа па и возниот парк е приспособен токму за овој вид  на транспорт. Една деценија секојдневно вршиме извоз на стоки од македонија, балканските земји и Турција кон  европските земји: Германија, Австрија, Швајцарија, Франција, Италија Белгија, Холандија, Велика  Британија, Шпанија, Португалија , скандинавските земји и обратно. 

Нашиот тим се состои од 15 стручни и искусни лица специјализирани за овој вод на транспорт. Нашето искуство и посветеност ви гарантира навремен, безбеден, сигурен и едноставен транспорт на вашата сотка до секоја дестинација. Јазици на кои комункицираме се Германски и Англиски. Овозможуваме 24 часовна комуникација со возилата, GPS позиционирање и следење на возилата комплетно ЦМР осигурување на сите возила. Воспоставуваме и одржуваме професионална комуникација со нашите соработници и клиенти.

Компанијата Филип Интернационал ги нуди следните транспортни услуги:

  • Tранспорт на стоки под температурен режим
  • Палетизиран и непалетизиран транспорт
  • Транспорт на висечка конфекција
  • АДР
  • Транспорт на збирни стоки
  • Експрес транспорт

Располагаме со транспортни возила со волумен од 3 до 100 m3 и трмпературен режим од -25 до +25 ℃.

kamion1

kamion3

kamion1

kamion3

kombe

Тим

За нашиот тим важат следните правила и норми:

  • Ја работиме својата работа и не се мешаме во туѓата
  • Ја сакаме нашата работа
  • Работиме за компанијата, како за себе
  • Целосно сме посветени на работата, со јасна визија, цел и верба во себе
  • Работната култура и етика се наш имиџ
  • Тимска работа и меѓусебна доверба
  • Ризик е никогаш да не ризикуваш
  • Стручен и образован тим кој создава чуда. Бидете дел од тимот
  • Итересот на компанијата е над сите интереси
  • Квалитетот нема алтернатива
  • Ние ја водиме работата, а не таа нас
  • Нашиот даден збор е заклетва
  • Во успехот не се сомневаме, веруваме во она што го работиме
  • Имаме искрена социјална одговорност спрема вработените

Контакт

Вашето име (задолжително)

Вашиот Email (задолжително)

Наслов

Вашата порака

Filip International Logistik Dooel

Македонија, 2300 Кочани 

Ул. Павлина Вељанова Бр. 88

Мобилен: +389 71 246 337

Телефон: +389 33 277 153

Факс: 389 33 277 151